сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Три жени му го отсекле половиот орган на осомничениот за силување и убиство на 5-годишно девојче (ФОТО)

Три жени му го отсекле половиот орган на осомничениот за силување и убиство на 5-годишно девојче (ФОТО)

Жена сама се пријавила во судот откако му го пресекла половиот орган на еден маж за кој што мислела дека ја силувал па ја убил нејзината 5-годишна ќерка.

23-годишната Вероника Макуена, од Јужна Африка обвинета е за убиство во обид заедно со нејзината снаа, Ноксоло Мандели и другарка Сјабонга Пакаден.

Жените го нападнале мажот, откако безживотното тело на 5-годишното девојче беше пронајдено во јавен тоалет.

Адвокатката која ги застапува трите жени не го негира нападот кој што се случил, но вели дека треба да добијат поблага казна.

Макуена ја изгуби ќерката додека била на пазарење и ја барала без престан целата вечер. Утредента ја пронашол нејзиниот сопруг во јавен тоалет, раскрварена и мртва.

Полицијата привела едно 20-годишно лице со дел да му се направи ДНК тест, а на мајката и рекле дака откако ќе излезат резултатите ќе знаат дали тој е убиецот. Но, таа не почекала па со нејзината снаа и другарка се соочија со потенцијалниот осомничен и му го пресекле половиот орган.

Можот веднаш бил префрлен во болница и успешно му беше направен оперативен зафат, а Макуена беше уапсена и заврши во затвор.

Коронавирус