среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

Три земји додадени на словачката листа на ниско ризични земји за Ковид-19

Три земји додадени на словачката листа на ниско ризични земји за Ковид-19

Бугарија, Канада и Шведска ќе бидат додадени на словачката листа на ниско ризични земји во однос на пандемијата на коронавирус, според мерките на Канцеларијата за јавно здравје, кои ќе стапат на сила утре.

Луѓето кои доаѓаат од високоризичните земји на ЕУ и кои немаат негативен резултат на тестот за Ковид-19 не постар од 72 часа, по пристигнувањето мораат да останат во задолжителен карантин додека не добијат негативен резултат.

Тие треба да го направат тестот најдоцна до петтиот ден по пристигнувањето, објави ТАСР.

Секој што доаѓа во Словачка од земји со висок ризик надвор од ЕУ е должен да биде во домашна изолација се додека не добие негативен резултат на тестот за Ковид-19. 

Тие исто така мора да се регистрираат на страницата http://korona.gov.sk/ehranica. (МИА)

Коронавирус