четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Три месеци затвор за двајца учесници во протестите на „жолтите елеци“

Три месеци затвор за двајца учесници во протестите на „жолтите елеци“

Двајца демонстранти се осудени на три месеци затвор, откако биле уапсени за време на протест на „жолтите елеци“ во францускиот град Пју ан Веле, каде беше запалена зградата на локалната префектура.

Едниот демонстрант е осуден на 12 месеци затвор, од кои девет условно, а другиот на шест месеци затвор, од кои три условно.

Вкупно 12 лица се приведени и ставени во притвор за учество во судири и вандализам во саботата вечер во префектурата на департманот От Лоар.

Протестите на „жолтите елеци“ против зголемување на даноците на горивото се досега најголем предизвик за Владата на претседателот Емануел Макрон.

МИА

Коронавирус