четврток, 1. јуни 2023. Вести денес: 60
Во живо

Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“

home Вести

Три мали деца меѓу загинатите во пожар во близина на Санкт Петерсбург (ВИДЕО)

Три мали деца меѓу загинатите во пожар во близина на Санкт Петерсбург (ВИДЕО)

Руските власти соопштија дека телета на три мали деца се најдени меѓу петтемина загинати во пожарот во куќа во близина на Санкт Петерсбург.

„Три деца настрадаа. Според првичните информации, сите биле помали од пет години“, изјави неименуван извор.

Генералниот директорат за Ленинградскиот регион при Министерството за вонредни состојби објави дека остатоците на местото на пожарот биле расчистени и истрагата е во тек.

Причините за пожарот сè уште не се познати. Според рускиот министер за вонредна состојба, рано утрово е примен извештај за пожар, што зафатил 30 квадратни метри.