сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 94
home Вести

Три деца ослободени од пештерата во Тајланд и нивниот тренер конечно добија државјанство

Три деца ослободени од пештерата во Тајланд и нивниот тренер конечно добија државјанство

Членовите на фудбалскиот тим и нивниот тренер кои немаа државјанство од Тајланд веќе не треба да се грижат за документи.

Тајландско државјанство немаа три момчиња и нивниот тренер иако се родени во Тајланд, бидејќи локалните власти ги проверувале нивните квалификации, вклучително и изводите на родени, пренесува Ројтерс.

Голем број лица од Тајланд немаат државјанство бидејќи потекнуваат од области каде се менувале националните граници, и нивното државјанство било доведено во прашање.

Како што наведува над 486.000 граѓани немаат државјанство, а од оваа бројка 146.269 се лица под 18 години.