понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 160
home Вести

Тргуваат со луѓе и дрога, фалсификуваат пари, а го имаат и кралот на кокаинот: Албанската мафија главна во британското подземје

Тргуваат со луѓе и дрога, фалсификуваат пари, а го имаат и кралот на кокаинот: Албанската мафија главна во британското подземје

Полицијата на западен Мидленд минатата година уапсила 140 албански државјани, од кои 51 лице од нив е обвинето за кривични дела во врска со трговијата со дрога.

Како што тврдат британските медиуми, албанските криминалци преземале контрола над трговијата со наркотици ширум Англија.

Националната агенција за криминал тврди дека албанските криминални групи воспоставиле влијание во организираниот криминал во Велика Британија и дека имаат значајна контрола над пазарот со трговија со дрога во Велика Британија.

Како најголем „крал на кокаинот“ во југоисточна Англија се споменува 31 годишниот Клодјан Цопја, кој е осуден на 17 години затвор поради трговија со дрога.

Од страна на Цопја и неговата екстра насилна банда од Елбасан биле увезени дури 150 милиони фунти вреден кокаин во Велика Британија.

Од страна на полицијата бил следен еден негов курир кој секоја недела одел во Кент, каде камион со кокаин стигнувал од контејнер. Курирот после тоа дрогата ја носел на организирани криминални групи во Лондон, Нотингем, Лестер и Бирмингем.

Меѓу криминалните од Албанија биле и Беким Доми и Шкелким Дарда, во чиј автомобил полицијата пронашла кокаин во вредност од 120.000 фунти. Тие се уапсени во 2016-та година.

Криминалците од Албанија, покрај трговијата со дрога, вклучени се и во фалсификување пари и трговија со луѓе.

Коронавирус