понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

Трето масовно пукање во САД, 7 лица ранети

Трето масовно пукање во САД, 7 лица ранети

Најмалки седум лица се ранети во пукање на парк на детско игралиште во Чикаго, во сојузната држава Илиноис, пренесува телевизијата NBC News повикувајќи се на полициски извори.

Инцидентот се случил околу 1,20 часот по локално време. Засега неидентификувано лица отворило оган од црн автомобил „шевролет камаро“, според изјави на очевидци. Еден од ранетите е во критична состојба.

Само викендов во престрелки во Чикаго убиени се 3 лица, а уште 37 се ранети. Во петокот во полицијата имало дојава за четири пукања, дури 12 пукања се пријавени на 3-ти август, а уште пет пукања во неделата 4-ти август. Во текот на изминатата ноќ биле, исто така, пријавени два слуачи на употреба на огнено оружје на места на масовно собирање на луѓе, во кои едно лице е убиено, а уште четири се ранети на забава во неделата утрото околу 3,40 часот по локално време.

Станува збор за трет случај на масовно пукање во САД. Прво 20 лица беа убиени, а 26 ранети од кои многу се во тешка состојба, во масовно пукање во трговски центар во градот Ел Пасо, во државата Тексас. Неколку часа подоцна во пукање во кафе-бар во градот Дејтон во Охајо беа убиени десет лица, вклучително и напаѓачот, а уште 27 беа ранети.

Како што забележа агенцијата Associated Press овие трагедии „ја шокираа земјата, која веќе е навикната на насилство“. Според статистиката на агенцијата, нападите во Ел Пасо и Дејтон се веќе 21 и 22-от случај на масовно пукање во САД од почетокот на 2019 година. Вкупно од почетокот на годинава во ваквите инциденти загинале вкупно 125 луѓе, а повеќе стотици други се ренети.