вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Трет пожар во рок една недела во Бејрут

Трет пожар во рок една недела во Бејрут

Пожар денеска изби во зграда во централниот дел на Бејрут, во близина на пристаништето каде на 4 август се случи експлозија во која загинаа речиси 200 лица, а повредени беа илјадници.

Не е познато што го предизвика пожарот во зградата проектирана од покојната британска архитектка по потекло од Ирак, Заха Хадид.

Зградата е се уште во изградба и нема повредени луѓе. Пожарот е изгаснат и отворена е истрага.

Тоа е трет пожар во таа област во рок од една недела.(МИА)

Коронавирус