вторник, 9. март 2021. Вести денес: 19
home Вести

Трет месец по ред пад на малопродажбата во САД

Трет месец по ред пад на малопродажбата во САД

Малопродажбата во САД трет месец по ред бележи пад, а епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 негативно влијаат врз американската економија.

Според американското Министерство за економија, малопродажбата во декември 2020 година забележала пад од 0,7 проценти во споредба со истиот месец во 2019 година. Малопродажбата беше намалена и во октомври и во ноември минатата година.

Традиционалниот пораст во малопродажбата во периодот на празници не се случи, а големите трговски синџири, како Нордстром, Викторија сикрет и Урбан аутфитерс, потврдија дека продажбата не била на вообичаеното ниво.

Коронавирус