среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трет човек приведен поради нападот во Ница

Трет човек приведен поради нападот во Ница

Трет човек е приведен на сослушување во врска со нападот со нож во црква во јужниот француски град Ница, кога загинаа три лица, изјави за локални медиуми извор од полицијата.

Мажот, на возраст од 33 години, бил присутен за време на полицискиот претрес во петокот во домот на вториот човек осомничен дека бил во контакт со напаѓачот, млад Тунижанец, рече изворот.

„Се обидуваме да разјасниме каква е неговата улога во сето ова“, додаде изворот.

Коронавирус