сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп за лидерот на Северна Кореја: Знам како му е на Ким, но не можам сега да зборувам за тоа

Трамп за лидерот на Северна Кореја: Знам како му е на Ким, но не можам сега да зборувам за тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има прилично јасна претстава за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, но нагласи дека не може сега да зборува за тоа.

„Да, имам прилично јасна претстава, но не можам сега да зборувам за тоа. Само му посакувам се најдобро“, изјави Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа откако му беше побаран коментар за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја.

„Ќе видиме, веројатно ќе слушнете нешто за тоа во не така далечна иднина“, изјави американскиот претседател.

Да потсетиме, деновиве се појавија бројни гласини околу здравствената состојба на првиот човек на Северна Кореја, од тоа дека поради операција на срцето е во „вегетативна состојба“, па се до тоа дека веќе е починат и наскоро ќе биде заменет од неговата сестра.

Во меѓувреме, Пјонгјанг одбива да ја коментира здравствената состојба на лидерот, а тоа уште повеќе им оди во прилог на гласините дека нешто навистина не е во ред. Деновиве, севернокорејскиот весник „Родонг Шинмун“ објави писмо во кое Ким Јонг Ун лично им се заблагодарува на градежните работници кои работат на модернизација на градот Самџион. Со тоа веројатно Пјонгјанг се обиде да ги оттргне сомнежите, меѓутоа не беше наведено кога било напишано писмото и зошто Ким не се појави на свеченоста по повод роденденот на неговиот дедо.

Исто така, овие денови, американскиот таблоид „Њујорк Пост“ повикувајќи се на раководител од телевизијата “NKSTV” од Хонгконг објави дека севернокорејскиот лидер е мртов, а на интернет започна да кружи фотографија на која наводно се гледа Ким Јонг Ун во стаклен ковчег.

ЕУРО 2020

Македонија