недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Верувам дека Ким Џонг-ун ќе го почитува договореното

Трамп: Верувам дека Ким Џонг-ун ќе го почитува договореното

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази увереност дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе го почитува тоа што тие двајцата го договорија минатиот месец на нивната средба во Сингапур.

– Уверен сум дека Ким Џонг-ун ќе го почитува договорот што го потпишавме и она што е уште поважно – нашето ракување. Се договоривме за нуклеарно разоружување на Северна Кореја, објави Трамп на Твитер.

Тој, меѓутоа, изрази загриженост дека Кина би можела да се обиде да ги спречи напорите за денуклеаризација на Северна Кореја.

– Кина, од друга страна, би можела да изврши негативен притисок врз зделката поради нашата позиција за трговските прашања, додаде Трамп, изразувајќи надеж дека тоа сепак нема да се случи.

Трамп и Ким одржаа средба во Сингапур на 12. јуни, на која потпишаа договор со кој Северна Кореја се обврза дека ќе изврши денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров во замена за ветување од САД дека ќе и обезбедат безбедносни гаранции.

МИА

Коронавирус