понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Средбата со Путин може да биде полесна од Самитот на НАТО

Трамп: Средбата со Путин може да биде полесна од Самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин може да биде полесна од Самитот на НАТО во Брисел или од посетата на Велика Британија.

Трамп предвидува тешки преговори со земјите  членки на НАТО за расходите за одбраната.

– Искрено кажано, со Путин може да биде најлесно. Кој би помислил, истакна Трамп.

Тој додаде дека во моментот не може да опредли дали Путин му е пријател или непријател и го нарече „конкурент“.

– Верувам дека разбирањето со Русија, разбирањето со Кина, со другите држави е нешто убаво, а не лошо, посочи Трамп.

МИА

Коронавирус