вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 75
home Вести

Трамп со предупредување до Иран никогаш повеќе да не се заканува на САД

Трамп со предупредување до Иран никогаш повеќе да не се заканува на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди својот ирански колега Хасан Рохани никогаш повеќе да не се заканува на САД.

Иранскиот претседател вчера упати предупредување до Доналд Трамп да „не си игра со опашката на лавот, инаку ќе зажали“.

„Никогаш повеќе не се заканувајте на САД или ќе ги трпите последиците од какви малкумина страдале во историјата”, напиша Трамп на „Твитер”, користејќи само големи букви, што во Интернет комуникацијата се сфаќа како викање.

„Ние повеќе не сме земја што ги поддржува вашите луди зборови за насилство и смрт. Внимавајте!“, додаде Трамп.

МИА

Коронавирус