вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Трамп: Следните две недели ќе бидат многу тешки, ќе бидат прашање на живот и смрт

Трамп: Следните две недели ќе бидат многу тешки, ќе бидат прашање на живот и смрт

Американскиот претседател Доналд Трамп ноќеска ги предупреди Американците дека следат „две многу тешки недели“ во борбата против ширењето на коронавирусот и ги повика до крајот на април да се приддржуваат на насоките за социјално дистанцирање.

-Апсолутно е критично за американскиот народ да ги следи насоките во следните 30 дена. Тоа е прашање на живот и смрт, рече Трамп на прес конференција во Белата куќа, пренесоа ноќеска британските медиуми.

САД се први во светот според бројот на заразени од коронавирусот. Во оваа земја досега се регистриранио 185.000 заразени, додека 3.780 лица умреа.

Првите луѓе на Координативниот штаб на Белата куќа за борба против пандемијата синоќа истакнаа дека бројот на умрени од Ковид-19 во земјата може на крајот да биде меѓу 100.000 и 240.000 лица.

Коронавирус