вторник, 20. август 2019. Вести денес: 33
home Вести

Трамп се сретна со Орбан во Белата куќа- Зајакнато сојузништвото меѓу двете држави

Трамп се сретна со Орбан во Белата куќа- Зајакнато сојузништвото меѓу двете држави

Вчера во Вашингтон, по неговиот работен состанок во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека состанокот го зајакнал сојузот на двете земји во голем број области.

На прес конференција со медиумите, унгарскиот премиер забележа дека последен пат кога присуствувал на состанок во канцеларијата на американскиот претседател, пред осумнаесет години. „Ја почувствував разликата, сега има поинаков вид на лидерство, и денес се спроведува поамбициозна политика”, рече тој.

Орбан подвлече дека средбата е важна за Унгарија, бидејќи го зајакнува сојузот на двете земји во областа на економската, надворешната и безбедносната политика, како и прашањата за миграцијатa.

Состанокот траеше околу четириесет минути, што беше многу подолго од планираното. На состанокот на Доналд Трамп и Виктор Орбан им се придружија и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто и советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон. Ова беше проследено со пленарен состанок помеѓу делегациите на САД и на Унгарија.

По средбата американскиот претседател изјави дека унгарскиот премиер Орбан прави добра работа за зачувување на безбедноста на Унгарија. Тој ја пофали Унгарија како членка на НАТО, како и акциите на унгарската влада за борба против нелегалната имиграција.