петок, 18. септември 2020. Вести денес: 112
home Вести

Трамп: САД веќе не можат да бидат светски полицаец

Трамп: САД веќе не можат да бидат светски полицаец

САД веќе не можат и понатаму да бидат светски полицаец, изјави американскиот претседател Допналд Трамп за време на ненајавената посета на Ирак.

При посетата на воено-воздухопловната база Ајн ал Асад, на 160 километри западно од Багдад, каде се распоредени американски војници, Трамп оцени дека не е фер само САД да го носи товарот.

-Ние сме расфрлани низ целиот свет. Ние сме во земји за кои повеќето луѓе дури и не слушнале. Искрено, тоа е смешно, додаде тој во обраќањетоп до американската војска.

Претходно, портпаролката на Белата куќа сара Сандерс на Твитер напиша дека Трап и неговата сопуга Меланија отпатувале во Ирак за да се сретнат со американските војници за време на Божик, со цел да им се заблагодари на службата, успесите и саможртвата.

Властите во Ирак биле информирани дека Трамп ќе допатува, но официјални средби не се одржани поради неусогласеност при организацијата, поради што се одржале телефонски разговори, соопшти ирачката Влада.

Коронавирус