четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Трамп: САД нема да станат мигрантски камп

Трамп: САД нема да станат мигрантски камп

САД нема да се претворат во мигрантски камп, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп, користејќи го примерот со Европа, за да ја заштити политиката на „нулта толеранција” кон илегалната имиграција на границата.

– САД нема да станат камп за мигранти, нема да станат и центар за задржување на бегалци, рече тој.

– Погледнете што се случува во Европа, погледнете што се случува на други места. Не можеме да дозволиме тоа да се случи во САД. Не и под мое управување, додаде тој.

Трамп увери дека тажната состојба на децата, одделени од своите родители, кои се без документи, може брзо да се реши, ако Конгресот донесе легислатива за имиграцијата. 

Коронавирус