недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 81
home Вести

Трамп: Русија и други земји се мешале во изборите во САД

Трамп: Русија и други земји се мешале во изборите во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имало мешање на Русија и веројатно и други земји во американските избори во 2016 година, како и дека Вашингтон ќе го спречи секој обид за мешање во овогодишните избори за Конгресот на  САД.

– Па, Русите немаа никакво влијание на нашите гласови, но сигурно имало мешање и веројатно и други земји и можеби поединци исто така се мешале, изјави Трамп на заедничка прес конференција со шведскиот премиер Стефан Левен.

– Ние изготвуваме многу длабока студија и ќе излеземе со некои многу силни сугестии во врска со овогодишните избори… Ќе се спротиставиме на што и да прават и тоа многу цврсто, изјави Трамп.

Трамп додаде дека за овогодишните избори, државите треба да предвидат резервни опции за гласање со хартиени гласачки ливчиња.

– Тоа е старомодно, но секогаш врши работа, рече тој.

Стефан Левен изјави дека шведската разузнавачка служба напорно работи на заштита на изборниот систем на Шведска и ја попречува странската пропаганда.

Коронавирус