недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Трамп размислува да прогласи национална катастрофа поради Ковид-19

Трамп размислува да прогласи национална катастрофа поради Ковид-19

– Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да прогласи национална катастрофа, со цел да „ослободи” средства за одговор на сојузните влади на пандемијата на коронавирусот, кој забрзано се шири, пишува порталот Политико.

Таква декларација, според Стафордовиот закон, би можела да „ослободи” дури 40 милијарди американски долари непосредна помош.

Бројот на заразени случаи со Ковид-19 во САД постојано се зголемува, а заразата зафатила речиси три четвртини од американските сојузни држави.

Досега во САД се регистрирани 1.109 заразени лица, а има 31 смртен случај.

Коронавирус