четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Трамп првпат прими лидер на африканска земја во Белата куќа

Трамп првпат прими лидер на африканска земја во Белата куќа

Претседателот на САД Доналд Трамп го прими денеска во Белата куќа првиот лидер на една африканска земја откако ја презеде функцијата. Тој се сретна со претседателот на Нигерија  Мухамаду Бухари, со кого разговараше за безбедносни и економски прашања.

Трамп на почетокот на средбата изјави дека екстремистичката група Боко Харам е „ужасен проблем” за Нигерија. Американскиот претседател ги спомена и антихристијанското расположение во Нигерија.

Бухари им се заблагодари на САД за нивната посветеност на борбата против тероризмот и рече дека акциите на САД многу помогнале на неговата земја.

Коронавирус