петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Трамп пристигна во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров на средба со Ким

Трамп пристигна во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров на средба со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во демилитаризираната зона, меѓу Северна и Јужна Кореја, пред средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, потврди Белата куќа.

Средбата меѓу двајцата лидери, која Трамп ја иницираше вчера преку Твитер, се случува во момент на застој во преговорите за нуклеарно разоружување на Пјонгјанг, кои пропаднаа при втората средба на двајцата претседатели во февруари во Виетнам.

– Одиме на границата во демилитаризираната зона за да се сретнеме со претседателот Ким и со нетрпение го очекувам тоа, изјави Трамп пред новинарите во Сеул. – Развивме многу добри односи, додаде тој.

Инаку, денешната агенда на Трамп, исто така, вклучува и средба со американските војници стационирани во Јужна Кореја и фотографирање со американските и јужнокорејските војници по посетата на демилитаризираната област. Трамп ќе го започне денот со говор за корејските бизнисмени.

Демилитаризираната зона денеска ќе биде зтаворена за туристи.

Коронавирус