петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Трамп претстави нов тест за коронавирусот, резултатите за неколку минути (ВИДЕО)

Трамп претстави нов тест за коронавирусот, резултатите за неколку минути (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа на новинарите им претстави нов брз тест кој би требало за само пет минути да потврди позитивен резултат за коронавирусот, а неколку минути подолго му треба за негативен, јавуваат американските медиуми.

Постарите тестови, развивани во лаборатории, можеа да дадат резултат за четири до осум часа.

Зборувајќи во Белата куќа на конференција за медиумите, Трамп ја отвори кутијата на компанијата Абот лабораторис и на новинарите им го покажа новиот брз тест.

Касетата за тестирање на Абот се вклопува во пренослив уред на компанијата ИД нау, кој се користи во болниците, клиниките и лекарските ординации.

Компанијата Абот соопшти дека следната недела новиот тест ќе им го даде на избрани здравствени установи за брза помош.

Неколку дена пред Трамп да го претстави новиот комплет за брз тест на Абот, компанијата кажа дека американската Управа за храна и лекови (ФДА) ѝ дала итно одобрување да го произведува „тестот на база на касети“.

Компанијата соопшти дека нејзиниот тест дава негативен резултат за 13 минути кога нема да биде откриен вирусот.

Трамп повтори дека треба да се практикува „социјално дистанцирање“ за спречување на ширењето на заразата и истакна дека мерките на неговата администрација, кои ги продолжи до април, нема многу суштински да променат, иако „можеби малку ќе се заострат“, и додаде дека останува ограничувањето за патување во други земји.

„Економијата е број два, мојот фокус е спасување на животите на луѓето“, кажа синоќа Трамп.

Трамп на конференцијата вербално се соочи со репортер на Си-ен-ен, бидејќи, како што оцени, му поставил „гадно, подло прашање“ за неговото намалување на ризикот од коронавирусот пред пандемијата да стигне во САД.

Претседателот кажа дека тогаш „не сакал да предизвика паника“ и дека сега „е многу горд на активноста на работната група на Белата куќа за вирусот“.

Коронавирус