четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трамп повторно го намали бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволено да влезат во САД

Трамп повторно го намали бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволено да влезат во САД
epa05209114 A photograph made available on 13 March 2016 showing migrants disembarking from a ferry as they arrive from the Greek island of Lesbos in the port of Pireus, near Athens, Greece, 12 March 2016. Tens of thousands of migrants intending to reach western EU countries remain stuck in Greece as Slovenia, Croatia, Serbia and Macedonia introduced special measures allowing migrants to enter their countries only according to the Schengen rules earlier this week. EPA/ZOLTAN BALOGH HUNGARY OUT

Администрацијата на Трамп ги објави плановите дека ќе дозволи влез на само 18.000 бегалци во САД во фискалната 2020 година, што е најмал број во историјата на современата програма на бегалци.

Потегот, оценет од бранителите на имигрантите, како прекршување на хуманитарните заложби на земјата, администрацијата рече дека мора да го насочи фокусот на обработка на заостанатиот дел од неколку стотици илјади барања за азил, од кои повеќето доаѓаат од мигранти од Централна Америка кои ја преминуваат американско-мексиканската граница.

„Моменталното оптоварување на американскиот доселенички систем мора да се ублажи пред да се овозможи повторно населување на голем број бегалци“, се вели во вчерашната изјава на Стејт департментот.

Во исто време, претседателот Доналд Трамп издаде извршна наредба велејќи дека неговата администрација ќе побара дозвола од државните и локалните власти за повторно населување на бегалци во нивните заедници.

Трамп како централен дел на своето претседателство го одреди намалувањето на имиграцијата. Еден од неговите први чекори по стапувањето на должност во јануари 2017 година беше да издаде наредба со која се ограничува максималниот број на бегалци за таа година на 50.000, што е помалку од половина од бројот што го постави поранешниот претседател Барак Обама неколку месеци претходно.

Предложениот нов број вклучува специфични решенија за американската национална безбедност и интересите за надворешната политика, изјави пред новинарите висок претставник на администрацијата.

Од предвидените 18,000, 4.000 се резервирани за Ирачани, 5.000 за оние кои бегаат од верски прогон и 1.500 за луѓе од Северниот триаголник што го сочинуваат Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор. Тоа остава 7500, или околу 40 проценти, за сите останати.

Кога излегоа вестите за плановите за драматично намалување на доселувањето, властите се соочија со јавни критики од евангелските лидери кои сметаат дека програмата за поддршка на религиските слободи ширум светот би требало да оди заедно со заштита на прогонетите бегалци.

 

Коронавирус