понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Трамп потврди дека САД од Германија повлекуваат околу 9.500 војници

Трамп потврди дека САД од Германија повлекуваат околу 9.500 војници

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД ќе го намалат бројот на своите сили во Германија на 25.000 американски војници.

Ова изјава значи дека Трамп ќе нареди повлекување на околу 9.500 војници, за кои британските медиуми проценуваат дека, најверојатно, ќе ги вознемири републиканците во американскиот Конгрес, како и сојузниците на САД во НАТО.

Обраќајќи се до печатот, Трамп синоќа кажа дека Германија не троши доволно пари за одбраната, како што тоа го бара НАТО.

Коментарите на Трамп се прва официјална потврда за намалувањето на силите во Германија, што прв на 5 јуни го објави весникот „Вол стрит Џорнал“ , а подоцна и висок неименуван американски функционер.

Коронавирус