сабота, 15. август 2020. Вести денес: 56
home Вести

Трамп потврди дека САД извршиле кибер напади врз Русија

Трамп потврди дека САД извршиле кибер напади врз Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за весникот Вашингтон пост потврди дека САД во 2018 година извршиле кибер напади против Русија.

Нападите биле насочени Агенцијата за интернет истражувања од Санкт Петербург, така наречена „фарма на тролови“ која ја предводеше руската вмешаност во изборите во САД во 2016 година.

Трамп истакна дека нападите биле дел од пошироката политика за спротивставување на Русија низ целиот свет, притоа додавајќи оти „никој не бил погруб со Русија“.

Тој во интервјуто за Вашингтон пост истакна дека одлуката за санкционирање на таков виртуелен напад била заснована на информации од американското разузнавање за можна вмешаност на Москва во конгресните избори во 2018 година.

Поранешниот претседател Барак Обама „уште пред изборите знаеше дека Русија си игра околу ова… но не рече ништо. Не стори ништо бидејќи беше убеден во победата на Хилари, истакна Трамп.

За американските кибер напади против руски интернет налози се пишуваше опширно во американските медиуми, но никогаш досега не беше потврдено лично од претседателот. (МИА)

Коронавирус