вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп потврди дека Помпео имал средба со Ким

Трамп потврди дека Помпео имал средба со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека Мајк Помпео минатата недела во Северна Кореја се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Мајк Помпео се сретна со Ким Џонг-ун во Северна Кореја минатата недела. Средбата поминала мирно и воспоставени се добро односи, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека се работи на детали за претстојниот самит.

– Денуклеаризацијата ќе биде одлична за светот, исто така и за Северна Кореја, наведе Трамп.

Претходно,  „Вашингтон пост“ објави дека Помпео, кој е номиниран за функцијата државен секретар на САД, за време на велигденските празници бил во тајна посета на Северна Кореја и се сретнал со лидерот Ким Џонг-ун.

Според весникот, целта на средбата била да се постават основи за директни преговори меѓу Трамп и Ким за севернокорејската нуклеарна програма.

Американскиот претседател вчера изјави дека биле спроведени преговори на „многу високо ниво“, без да соопшти дриги детали.

Коронавирус