недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп потпиша закон со кој дозволи официјални американско-тајвански контакти

Трамп потпиша закон со кој дозволи официјални американско-тајвански контакти

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон, кој е веќе усвоен од Конгресот, со кој им се дозволува на американски официјални претставници да патуваат во Тајван на средби со тајвански колеги.

Ваквиот чекор на САД се очекува да ја налути Кина.

Документот, кој нема обврзувачки карактер, секако ќе стапеше во сила денеска дури и Трамп да не го потпишеше, соопшти Белата куќа.

Според текстот на законот, американски официјални лица „од сите нивоа“ ќе можат да патуваат во Тајван на средби со нивни колеги, кои исто така ќе бидат добредојдени во Вашингтон. Новите правила се однесуваат за Стејт департментот, Пентагон и други министерства.

Коронавирус