сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп покрена нова комуникациска платформа

Трамп покрена нова комуникациска платформа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп отвори својата интернет платформа каде ќе може да поставува пораки кои другите ќе можат да ги споделуваат на Твитер и на Фејсбук, каде неговите налози се суспендирани.

Налозите на Трамп на Твитер и на Фејсбук се суспендирани по инцидентите во Капитол, а тој најави дека ќе покрене сопствена интернет платформа.

„Директно од масата на Доналд Џеј. Трамп“ уследи еден ден пред одлуката на Фејсбук дали суспензијата на Трамп да се продолжи на неопределено време.

Налозите на Трамп се суспендирани поради страв од понатамошни насилни нереди по упадот на неговите приврзаници во Конгресот на 6 јануари годинава.

Коронавирус