среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Вести

Трамп откри зошто го откажал нападот над Иран

Трамп откри зошто го откажал нападот над Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објасни зошто испратиле воени авиони на Иран , а потоа наеднаш ги повлекол.

,,Во понеделникот урнаа дрон без екипаж , кој леташе над меѓународни води. Минатата ноќ бевме подготвени да одговориме со удар на три различни цели. Кога прашав колку луѓе ќе загинат , генералот ми рече 150 луѓе. на десет минути пред ударот го запрев. Тоа не е пропорционален одговор за уривање дрон без екипаж. Не се брзаме , нашата војска се гради и е подготвена , најдобра на светот. Санкциите ги гризаат , вчеравечер додадовме уште , Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје , не против САД , не против светот. “ напиша Трамп на Твитер .