понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 28
home Вести

Трамп: Околу 100.000 Американци може да умрат од Ковид-19

Трамп: Околу 100.000 Американци може да умрат од Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веќе се смета за можно речиси 100.000 Американци да умрат од Ковид-19, откако бројот на починати ги надмина неговите претходни проценки.

– Ќе изгубиме некаде од 75, 80 до 100.000 луѓе. Тоа е ужасно, рече Трамп за „Фокс њуз“. Тој во петокот изрази надеж дека ќе починат помалку од 100.000 Американци, а на почетокот на минатата недела зборуваше за 60 до 70.000 жртви.

Во САД досега има над 68.000 починати од Ковид-19, а околу милион и 200 илјади се заразени.

ЕУРО 2020

Македонија