среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Трамп одликува куче и ги предупреди новинарите дека ќе ги касне ако поставуваат прашања

Трамп одликува куче и ги предупреди новинарите дека ќе ги касне ако поставуваат прашања

Доналд Трамп го одликува кучето кое беше рането во акцијата на фаќањето на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади.

Белгискиот овчар Конан пристигна во Белата куќа директно од Блиски Исток за да прими медал и плакета од Трамп, кој притоа го прогласи за воен херој.

„Конан беше тешко повреден и многумина мислеа дека нема да заздрави, но тој е тврд орев. Конан е многу умен, тој е брилијантен“, изјави Трамп.

President Donald Trump, Vice President Mike Pence and first lady Melania Trump, present Conan, the military working dog injured in the successful operation targeting Islamic State leader Abu Bakr al-Baghdadi, before the media in the Rose Garden at the White House, Monday, Nov. 25, 2019 in Washington. (AP Photo/Evan Vucci)

Тој додаде дека Конан сѐ уште не е за пензија, бидејќи е во свои најдобри години, а потоа во свој стил им се „закани“ на новинарите кои поставуваат прашања.

„Конан е трениран да нападне ако сакате да кажете нешто. Така што, бидете многу, многу внимателни“, се пошегува Трамп.

Конан бил повреден откако бил пуштен во тунелот во кој се веруваше дека избегал Багдади, кој потоа се самоуби активирајќи прслук со експлозив. Со цел да го заштити, американската војска во прв момент не објави фотографија и име на кучето, што потоа го направи самиот Трамп.

 

Коронавирус