вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 46
home Вести

Трамп: Не сум загрижен поради севернокорејските проектили

Трамп: Не сум загрижен поради севернокорејските проектили

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека не е загрижен за неодамнешното лансирање проектили од Северна Кореја и изрази уверување дека лидерот на таа држава, Ким Џонг Ун, ќе ги исполни ветувањата што ги дал.

„Северна Кореја испука неколку мали проектили, што ги вознемири некои од моите луѓе и другите, но не и мене”, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател е во официјална посета на Јапонија, и се очекува да разговара за севернокорејската нуклеарна програма со домаќинот, јапонскиот премиер Шинѕо Абе. (МИА)