среда, 23. септември 2020. Вести денес: 104
home Вести

Трамп не присуствуваше на вечерата со известувачите од Белата куќа

Трамп не присуствуваше на вечерата со известувачите од Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа не присуствуваше на вечерата со известувачите од Белатата куќа и наместо таму отиде на средба со свои поддржувачи во Мичиген.

– Веројатно сте слушнале дека вечерва бев поканет на друг настан – вечера со известувачите од Белата куќа, но решив да дојдам тука во Вашингтон, Мичиген, рече Трамп пред насобраните поддржувачи.

Втора година, Трамп не учествува на настанот во главниот град, оставајќи го Здружението на новинарите, кои ги пренесуваат неговите настапи, без својот вообичаен почесен гостин.

Повеќето претседатели одат барем еднаш за време на нивниот мандат на оваа вечера, каде што се предмет на шеги на учесниците.

– Зошто да бидам во просторија со група либерали кои објавуваат лажни вести и ме мразат, напиша претходно Трамп на веб страницата на својата компанија.(МИА)

Коронавирус