петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: НАТО повеќе и помага на Европа отколку на САД

Трамп: НАТО повеќе и помага на Европа отколку на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека НАТО повеќе им помага на Европјаните отколку на Американците.

-НАТО е фантастичен, но тој повеќе и помага на Европа отколку нам, рече Трамп на конференцијата со германската канцеларка Ангела Мерка.

Во исто време, во Брисел се одржува состанок на министрите за надворешни работи членови на НАТО, кој претходно беше на мета на критиките на Трамп.

Тој рече дека може да присуствува на отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим.

Неговата одлука да ја пресели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим предизвика голем број осуди и протести ширум светот.

Коронавирус