вторник, 9. март 2021. Вести денес: 19
home Вести

Трамп: Нашето движење допрва почнува

Трамп: Нашето движење допрва почнува

Во своето проштално видео обраќање, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ја поздрави новата администрација и рече дека сега, додека се подготвува да ја предаде власта, сака да порача дека движењето што го започна е само почеток.

„Оваа недела ја инаугурираме новата администрација и се молиме за нејзин успех во одржување на Америка безбедна и просперитетна“, рече Трамп во видео пораката, чии делови ги објави Белата куќа.

Трамп одби да го признае поразот од Бајден, кој победи на изборите со 306 гласа од Изборниот колеџ наспроти 232 на Трамп и нема да се сретне со Бајден пред неговата инаугурација, туку планира да отпатува за Флорида.

„Најголемата опасност со која се соочуваме е губење на самодовербата, губење на довербата во величината на нашата нација. Америка не е срамежлива нација на кротки души кои мора да се заштитат од оние со кои не се согласуваат”, рече Трамп.

Последните недели од својот мандат Трамп ги помина без да ја напушти Белата куќа по немирите предизвикани од неговите приврзаници при упадот во зградата на Конгресот.

Во својата видео порака, Трамп се осврна на аспектите на неговата работа со кои се гордее, пренесува Фокс њуз.

„Ние го направивме тоа што требаше да го сториме, но исто така и многу повеќе. Водев тешки битки, најтешки битки, донесував најтешки одлуки – бидејќи затоа ме избравте мене“, рече Трамп, пренесе Гласот на Америка.

Тој потсети на мировните договори на Блискиот исток со посредство на неговата администрација и ги пофали постигнатите надворешно-политички цели.

„Ние ги обновивме нашите сојузи и ги охрабривме земјите во светот да и се спротивстават на Кина како никогаш порано. Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении што не започна нови војни. Го напуштам ова прекрасно место исполнето со радост, оптимизам и голема доверба дека најдоброто допрва доаѓа, за нас – нашата земја и нашите деца “, рече американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Коронавирус