вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 79
home Вести

Трамп на Твитер побара да се прекине трката во вооружување

Трамп на Твитер побара да се прекине трката во вооружување

Американскиот претседател Доналд Трамп откако на Твитер и порача  на Русија да се подготви за „нови и паметни ракети“ во Сирија, 40 минти подоцна напиша „Да ја прекинеме трката во вооружување?“

– Нашиот однос со Русија е на полошо ниво од кога било, вклучително и од времето на Студената војна. Нема причина да биде така. На Русија и е потребна нашата помош со нејзината економија, што на нас би ни било многу лесно да го сториме, а на нас ни треба сите држави да работат заедно. Да ја прекинеме трката во вооружување?, напиша Трамп во вториот твит.

Односите помеѓу САД и Русија се влошија по извештаите за хемиски напад во сирискиот град Дума, за што е обвинет режимот на Башар ал Асад, кој има поддршка од Моска.

МИА

Коронавирус