сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Трамп му понуди помош на Путин за справување со пожарите во Сибир

Трамп му понуди помош на Путин за справување со пожарите во Сибир

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп разговараа телефонски за пожарите во Сибир, но и за трговијата на двете земји, изјави портпаролката на Белата куќа, Хоган Гидли.

Тоа го потврди и прес-службата на Кремљ, наведувајќи дека до разговорот дошло на иницијатива на Вашингтон.

– Американскиот претседател и понуди помош на Русија за справување со пожарите, се наведува во соопштението и се додава дека Путин му се заблагодарил на Трамп за понудата и рекол дека ќе ја прифати доколку има потреба.

Путин исто така кажал дека понудата на Трамп ја гледа како сигнал дека Москва и Вашингтон во иднина во целост ќе ги нормализираат односите.

– Путин и Трамп се согласија да ги продолжат телефонските контакти, но и лично да се сретнат, се наведува во соопштението од Кремљ.

Во Сибир вчера во тешко пристапна зона изби пожар кој зафати речиси 2,8 милиони хектари. Најголемите пожари беа регистрирани во Јакутија, Краснојарск и Иркутск, каде што е прогласена вонредна состојба.

Во Гасењето на пожарите учествуваа повеќе од 2.700 лица, 390 противпожарни единици и 28 авиони. (МИА)

Коронавирус