петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Трамп: Можно е саудискиот принц да е вмешан во убиството на Кашоги

Трамп: Можно е саудискиот принц да е вмешан во убиството на Кашоги

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Волстрит џурнал“ изјави дека принцот Мухамед бин Салман, кој фактички владее со Саудиска Арабија, да е инволвиран во операцијата што доведе до смрт на новинарот Џамал Кашоги.

Трамп наведува дека сака да му верува на принцот Салман дека пониски претставници на саудиските власти се виновни за убиството на Кашоги, но додаде дека одговорноста треба да се бара во повисоките ешалони на власта.

Американскиот претседател, на прашањето за евентуалното соучество на саудискиот престолонаследник во убиството на Кашоги, истакна дека принцот Салман владее во Саудиска Арабија.

– Принцот раководи со Саудиска Арабија… така што ако некој е одговорен, тогаш тоа е тој, наведе Трамп.

Американскиот претседател за „Волстрит џурнал“ изјави дека нема многу информации за тоа што се случило во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Но, Трамп претходно изјави дека саудиските власти извршиле „најлошо заташкување на инцидентот во историјата“ и оти лошо ја завршиле работата.

Коронавирус