среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Можеби би бил подготвен да сведочам во истрагата за импичмент

Трамп: Можеби би бил подготвен да сведочам во истрагата за импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека можеби би бил подготвен да сведочи во истрагата за импичмент, иако, како што рече, не направил ништо лошо, а демократите кои ја водат истрагата во Претставничкиот дом не го повикаа јавно да сведочи.

– Иако не сум направил ништо лошо и не сакам да му дадам кредибилитет на овој процес без да проверка, ми се допаѓа идејата и со цел Конгресот повторно да се фокусира, силно размислувам за тоа, напиша Трамп на Твитер.