петок, 27. април 2018. Вести денес: 11
home Вести

Трамп: Многу сум горд на нашата армија, наскоро ќе биде најдобрата што некогаш постоела

Трамп: Многу сум горд на нашата армија, наскоро ќе биде најдобрата што некогаш постоела

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави, како што рече, перфектно направената акција откако одобри серија на воздушни напади во Сирија како одговор за наводниот напад со хемиско оружје.

Тој на Твитер им се заблагодари на Франција и Велика Британија поради мудроста и моќта во нивните армии.

-Многу сум горд на нашата армија, што наскоро, откако ќе потрошиме милијарди долари, ќе биде најдобрата која нашата држава некогаш ја имала. Нема да постои ништо и никој кој ќе биде близу нас, напиша Трамп.