среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Вести

Трамп: Мексико со помош на САД да води војна против нарко-картелите

Трамп: Мексико со помош на САД да води војна против нарко-картелите

Американскиот претседател Доналд Трамп и понуди на Владата на Мексико помош за водење војна со нарко картели, откако девет члена на американско семејство беа убиени во северниот дел на Мексико.

„Ова е време за Мексико, со помош на САД, да води војна со нарко картелите и да ги избрише од лицето на земјата. Ние само чекаме на повик на вашиот голем нов претседател”, наведе Трамп во една од пораките на Твитер.

Тој додаде дека американската влада е подготвена да се вклучи во борбата и дека за претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопес Обрадор, е приоритет борбата против нарко картелите.

„Но, картелите станаа толку големи и моќни што понекогаш ви треба војска за да ја порази војската“, смета Трамп.

Лопес Обрадор се залага за помалку милитаристички пристап кон проблемот и смета дека „фронт-политиката“ што ја водеа неговите претходници доведе до поголемо насилство.