понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 39
home Вести

Трамп: Меган Маркл не е злобна, кралското семејство е фино

Трамп: Меган Маркл не е злобна, кралското семејство е фино

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Лондон изјави дека не мисли оти Меган Маркл е „злобна“, туку дека само била „злобна кон него“.

Обидувајќи се да го поправи дипломатскиот гаф за време на посета на Британија, а откако беше објавено дека Меган Маркл ја нарекол „злобна“, Трамп за програмата „Добро утро Британија“, рече дека немал намера да на навреди поранешната актерка, а денес војвоткиња од Сасекс.

Трамп рече и дека немало контроверзи кога разговарал со нејзиниот сопруг, принцот Хари, за кого рече дека „не можел да биде по фин“.

Тој заклучи и дека целото британско кралско семејство е фино.