понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 173
home Вести

Трамп: Конфликт ќе биде официјален крај на Иран

Трамп: Конфликт ќе биде официјален крај на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно му се закани на Техеран со твит во кој наведува дека актуелниот конфликт ќе биде „официјален крај“ на Иран.

-Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД, напиша Трамп на Твитер.

Во исто време Ријад, кој нагласи дека не сака војна, го обвини Иран дека стои зад нападите со дронови на две нафтени постројки во Саудиска Арабија, за кои одговорноста ја презедоа Хутите во Јемен, кои се поврзани со Иран.

Новите закани кон Иран доаѓаат после вчерашниот напад со ракети во багдадската Зелена Зона, каде се наоѓаат зградите на државните органи и странски амбасади.

Иран негираше дека учествувал во кој било од овие инциденти. (МИА)

 

Коронавирус