сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Трамп ќе ја засили граничната безбедност

Трамп ќе ја засили граничната безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи вчерашниот напад во Франција како аргумент со кој ќе ги убеди демократите во Конгресот да го поддржат финансирањето на ѕидот на границата на САД со Мексико.

– Уште еден многу тежок терористички напад во Франција. Ние ќе ја засилиме уште повеќе границата. Ненси и Џак мора да ни дадат гласови за дополнителна погранична безбедност, напиша Трамп на Твитер.

Твитот се однесува на лидерот на демократите во Сенатот, Џак Џумер и лидерката на демократското мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, со која се сретна вчера.

Државниот секретар Мајк Помпео денеска изјави за „Фокс енд Френдс“ дека засега нема индиции дека во нападот во Стразбур е повреден американски државјанин.

Тој исто така нагласи дека на САД им е потребна построга гранична контрола.

МИА

Коронавирус