недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Ќе излекувам и рак и сида ако повторно ме изберете за претседател (ВИДЕО)

Трамп: Ќе излекувам и рак и сида ако повторно ме изберете за претседател (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп започна кампања за следен претседателски мандат воп Флорида ветувајќи ѝ на нацијата нешто што никој не го ветил досега.

-Ќе ги поместиме границите на медицината, ќе излеземе со лекови за многу проблеми и болести, вклучувајќи го и ракот и другите болести. Ќе ја истребиме сидата во Америка засекогаш, кон тоа сме многу близу. Ќе поставиме основи за слетување на Марс – рекол Трамоп на час и половина долгиот митинг во Центарот „Амвеј“ во Орландо.

-Овие избори ќе бидат пресуда за тоа дали ќе живееме во држава каде луѓето ги губат изборите, одбиваат да го признаат тоа и поминуваат две години обидувајќи се да го уништат нашиот Устав и да ни ја искинат земјата – порачал тој алудирајќи на извештајот на Милеровата комисија.

-Го поминавме ловот на вештерки во политичката историја. Сето тоа беше нелегален обид за поништување на резултатите од изборите – додал Трамп.