вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Трамп ја разгледува опцијата за нови царини за Кина поради Ковид-19

Трамп ја разгледува опцијата за нови царини за Кина поради Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да наметне казнени такси за Кина бидејќи верува оти има многу докази што сугерираат дека новиот коронавирус потекнува од лабораторија во Вухан.

Во изјава за американски медиуми два извора од Белата куќа нагласија дека се разгледуваат опции против Кина, но предупредија дека тоа е се во почетна фаза.

– Се разгледува колку силно да се погоди Кина и како правилно да се изврши калибрација, изјави еден од изворите.

Според Трамп, станува споредно потпишувањето на трговскиот договор поради се што се случи со вирусот.

– Ситуиацијата со вирусот едноставно не е прифатлива, изјави Трамп.

Тој синоќа одговори потврдно на прашањето дали има доволно елементи за сериозно да верува дека лабораторијата Вухан е изворот на пандемијата. Трамп не прецизираше какви докази ги поседува и рече дека може да наметне казнени „царински давачки“ за Кина.

Американскиот претседател ја критикува Кина од избувнувањето на епидемијата и редовно ја обвинува земјата дека не го пријавила вистинскиот биланс на смртни случаи од коронавирусот. Тој, исто така, ја спомена можноста да се бараат неколку милијарди долари отштета од Кина заради штета предизвикана од вирусот во САД.

Коронавирус