понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трамп ја отстрани ознака за тајност од документите за Русија и имејл скандалот на Хилари Клинтон

Трамп ја отстрани ознака за тајност од документите за Русија и имејл скандалот на Хилари Клинтон

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека им дал овластување на институциите да ги декласифицираат документите поврзани со истрагата за Русија и скандалот со електронската пошта на Хилари Клинтон, негова противничка на претседателските избори во 2016 година.

Откако американските медиуми објавија дека белешките на поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, доставени до Конгресот од страна на Националната разузнавачка управа (ДНИ), наведуваат дека Хилари Клинтон го спомнала планот за доведување на Трамп во врска со Русија, сè со цел да се сврти вниманието од нејзиниот скандал со е-пошта, пристигна првата реакција на американскиот претседател.

„Го одобрувам отстранувањето на ознаката за тајност од сите документи поврзани со руската игра (истрага), што е најголемото политичко злосторство во историјата на САД. Исто така, го давам истото овластување за скандалот со е-пошта за Хилари Клинтон. Документите нема да бидат уредени”, рече Трамп. .

Американската телевизија Фокс Њуз, која дошла до белешките кои директорот на националната разузнавачка служба Џон Ретклиф ги презентирал на Конгресот, а кои сè уште не се споделени со јавноста, објавиу дека Бренан го информирал поранешниот претседател Барак Обама за планот на Клинтон да го поврзе Трамп со Русија.

Во белешките се забележува дека Бренан напишал дека „еден од советниците за надворешна политика на Клинтон предложил производство на скандал насочен кон дискредитација на Трамп, во контекст на дејствување на руски безбедносни служби кои работат во корист на Трамп, а Клинтон го одобрила“.

Во белешките на Бренан,исто така, се наведува дека на 28 јули 2016 година, Обама побарал од него да собере докази дека има каква било врска помеѓу кампањата на Трамп и Русија.

Против Клинтон беше покрената истрага за користење на сопствена електронска адреса за дипломатски работи за време на нејзиниот мандат како шефица на Стејт департментот.

Откако Трамп победи на изборите во ноември 2016 година, имаше тврдење дека Русија е вклучена во изборите во САД во корист на Трамп.

Обвинувањата подоцна прераснаа во истрага, а пензионираниот генерал Мајкл Флин, советник за национална безбедност на Трамп, мораше да даде оставка поради обвинувањата дека имал врски со Русија.

Истрагата, предводена од обвинителот Роберт Мулер, откри дека Русија се обидела да интервенира на изборите, но не беше утврдено дали Трамп имал корист од тоа. (МИА)

Коронавирус