четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Трамп ја откажа средбата со Путин

Трамп ја откажа средбата со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го откажа состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин, што беше планиран за в сабота.

Двајцата претседатели требаше да се сретнат на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина.

– Со оглед на фактот дека морнарите и бродовите не се вратени од Русија во Украина, одлучив дека најдобро е за сите да го откажам закажаниот состанок во Аргентина со претседателот Владимир Путин. Се радувам на значителниот Самит, штом оваа ситуација заврши, напиша Трамп на Твитер.

Откако избија новите тензии помеѓу Русија и Украина, Трамп изјави дека е можно да нема средба со Путин во Буенос Аирес.

Три украински воени бродови беа пресретнати од руската морнарица во Црно Море, откако наводно навлегле во руски територијалнио води во неделата. И додека Киев тврди дека Русија била известена за тоа, Москва наведува дека не добила известување.

Украинските бродови се задржани, додека екипажите се уапсени.

Коронавирус