среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 4
home Вести

Трамп ја објасни одлуката за повлекувањето на американските трупи од Сирија

Трамп ја објасни одлуката за повлекувањето на американските трупи од Сирија

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека се уште сака сите американски трупи да се повлечат од Сирија, но оти Јордан и Израел побарале од него дел од единиците да остане во оваа блискоисточна земја.

Трамп пред новинарите во Белата куќа рече дека САД ќе смислат нешто со Курдите во источна Сирија за да се обезбеди пристап до приходите од сириската нафта.

Тој додаде и дека во тој дел од Сирија ќе испрати американска нафтена компанија за да помогне.

Трамп ја објасни својата одлука за повлекување на трупите од Сирија, наведувајќи дека САД никогаш не ветиле дека ќе ги штитат Курдите до крајот на животот и оти тој сака да ја врати дома американската војска.

– Морам да го направам она за што сум избран и морам да го сторам она што сметам дека е правилно – рече Трамп.
Трамп минатата недела соопшти дека околу 1.000 војници стационирани во североисточна Сирија ќе се вратат дома, и оти во базата на југ ќе останат околу 200 лица.